🧸 Троделен комплет – Vroom Baby Style
Овој модерен троделен комплет е создаден за малите фраерчиња кои сакаат удобност и стил. Со својот спортски и елегантен изглед, комплетот е идеален за прошетки, семејни излегувања, фотографии и секојдневно носење.
Горен дел (маичка):
Маичката е изработена од 100% памук, мек и дишлив материјал кој е исклучително нежен кон чувствителната бебешка кожа. Едноставниот и удобен крој овозможува слобода на движење и целодневен комфор.
Среден дел (кошулка/јакничка):
Над маичката доаѓа лесна памучна кошулка со копчиња и слатка апликација со мало моторче, која му дава модерен и разигран изглед на комплетот. Кошулката е практична и може да се носи и отворена или закопчана.
Долен дел (панталони):
Панталоните се во нежна беж нијанса, со еластичен струк и врвка за подобро прилагодување. Имаат и практични џебови кои додаваат модерен и урбан стил.
Материјал:
100% памук – мек, квалитетен и дишлив материјал погоден за целодневно носење.
Боја:
Достапен во две бои – зелена и беж.
Големини:
Од 6 месеци до 2 години.
Trodelen-komplet-Vroom-Baby-Style




































