Дводелен комплет – MY STYLE DENIM
📏 Големини: од 4 до 12 години
🎨 Боја: Нежна розева нијанса во комбинација со светол тексас. Контрастот меѓу розевите памучни делови и тексасните панели му дава модерен, впечатлив и многу интересен изглед.
🧵 Материјал: Изработен од памучен материјал во комбинација со тексасни детали, удобен, мек и пријатен за носење. Материјалот овозможува слободно движење и комфор во текот на целиот ден.
👕 Горен дел: Горниот дел е со спортски и модерен крој, во нежна розева боја, со декоративен натпис „My Style“ на предната страна. Белите линии на ракавите и тексасните детали на страните му даваат посебен и урбан изглед. Блузата е удобна и лесно се комбинира, а воедно остава впечаток на модерен и екстра модел.
👖 Долен дел: Панталоните се навистина впечатливи, со интересна комбинација од тексас и розеви странични панели. Широкиот и удобен крој овозможува слободно движење, додека модерниот дизајн го прави моделот многу стилски и поразличен. Одлично се вклопуваат со горниот дел и создаваат целина што веднаш привлекува внимание.
Екстра модерен и впечатлив дводелен комплет, совршен за девојчиња кои сакаат уникатен стил и удобност во едно. Одличен избор за прошетки, дружења и секојдневни комбинации кога сакате модел што навистина се издвојува.
Dvodelen komplet – MY STYLE DENIM







