Kids Box започна како бутик за детска облека под името Mapet Bebe во 2010 година, создаден со љубов и посветеност кон детската мода. Како фамилијарен бизнис, нашата цел отсекогаш била да понудиме уникатно шопинг искуство за најмладите, каде секој производ е избран со внимание. Во 2020 година го променивме името од Мапет Бебе во Kids Box, а во 2022 направивме уште еден чекор – ја променивме локацијата и изгледот, со цел да создадеме нов и свеж амбиент каде родителите и децата можат да откријат висококвалитетна детска облека и аксесоари. Kids Box е место каде стилот и удобноста на децата секогаш се на прво место, а семејните вредности се вградени во секој дел од нашето работење.